Во 2013 година, Националниот архив на Велика Британија објави говор подготвен од кралицата Елизабета Втора, кој ќе го одржи во случај да започне Третата светска војна.
Кралицата Елизабета Втора подготвила говори за големи настани, вклучувајќи го и овој.
Верзијата на говорот во случај на Трета светска војна е напишана во 1983 година за време на Студената војна, додека на јавноста стана достапна во 2013 година.
Песков: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции, Кремљ подготвува одговор
Според Би-Би-Си, делови од говорот се застарени, но се верува дека неговата суштина ќе послужи доколку започне уште една светска војна.
Во првиот дел од својот говор, кралицата Елизабета се осврнува на периодот кога Велика Британија влезе во Втората светска војна против тогашната Германија:
„Никогаш не ја заборавив тагата што ја чувствував додека го слушав татко ми (Џорџ VI) како вели дека Втората светска војна започнала на тој кобен ден во 1939 година. Немав поим дека еден ден ќе морам да го кажам истото. Сепак, какви ужаси и да нѐ очекуваат, сè што ни помогна двапати да ја зачуваме нашата слобода во текот на овој век, ќе ни помогне да преживееме повторно“.
Милиони луѓе гладуваа во 2021 година поради војни и економски кризи
Во говорот потоа се споменува дека непријателите не користат традиционално оружје, туку смртоносна технологија:
„Сите знаеме дека се соочуваме со поголеми опасности од кога било досега. Непријателот не е војник со пушка или пилот кој лета над нашите градови и села, туку ја злоупотребува технологијата, која има смртоносна моќ“.
И на самиот крај, во подготвениот говор, кралицата Елизабета изразува зборови на поддршка и солидарност:
Стратегијата на Путин за Донбас – регион кој може да јаодлучи војната во Украина
„Значи, мојата порака до вас е едноставна. Помогнете им на оние кои не можат да си помогнат, бидете утеха за осамените и бездомниците. Нека вашето семејство им даде надеж на оние на кои им треба. Додека заедно се бориме против злото, да се молиме за нашата земја и луѓето со добра волја, каде и да сме. Господ да ве благослови“.