Повеќе од 500 ранети сѐ уште се во фабриката за челик Азовстал, изјави за Би-Би-Си Михаил Вершинин, еден од преостанатите украински бранители во индустрискиот комплекс.
Тој додаде дека 200 од нив се во критична состојба, а состојбата им се влошила поради немање медицинска нега и нехигиенски услови.
„Има недостиг од се – храна, вода, лекови“, истакна Вершинин.
Тој тврди дека руските војници намерно ја бомбардирале болницата Азовстал.
И покрај ужасните услови, на бранителите во Азовстал им порачаа „да бидат подготвени да се борат до крај“.
Вершинин, кој пред војната бил шеф на полициската патрола, рече дека ранетите се на возраст од 19 до 60 години.
Во неделата првата група цивили конечно беше евакуирана од голем индустриски комплекс. Тие вчера пристигнаа во Запорожје, кој е под контрола на Украина.
Сѐ уште не е познато дали повеќе цивили ќе можат да го напуштат комплексот денеска.