Брисел предлага воведување санкции и за патријархот Кирил

Сподели со своите пријатели

Европската комисија предлага воведување санкции против поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во рамките на шестата рунда санкции воведени како одговор на војната во Украина, се наведува во документот што го прегледа агенцијата Франс прес.

Loading...

На новата листа на санкции, која допрва треба да ја одобрат земјите-членки на Унијата, се наоѓаат 58 лица, меѓу кои има и бројни руски војници, но и сопругата, ќерката и синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

 

Володин: НАТО однапред го подготвуваше нападот на Украина врз Русија

 

На списокот е и првиот човек на руската агенција за надзор на телекомуникациите Роскомнадзор, Андреј Липов.

Санкциите вклучуваат забрана за пристапување во ЕУ и замрзнување на имотот. Повеќе од 1.000 луѓе веќе се на црната листа на ЕУ.

Патријархот Кирил „долгогодишен сојузник на претседателот Владимир Путин, стана една од главните фигури кои ја поддржуваат руската воена агресија против Украина“, се вели во документот.

Loading...

 

Повеќе од 20 лица загинаа во тежок судар во Украина, загинаа патници и возачи на автобус

 

Поглаварот на Руската православна црква, која има 150 милиони верници во светот, главно во Русија, одржа неколку проповеди за поддршка на офанзивата на Кремљ во Украина, пренесе АФП.

На 27 февруари тој зборуваше за борбата против „силите на злото“ кои се противат на историското „единство“ меѓу Русија и Украина.