Руската армија го контролира Мариупол, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Шојгу рече дека се воспоставува мирен живот на териториите на самопрогласените Лугански и Доњецки Народни републики (ЛНР/ДНР) и Украина, кои се под контрола на руските сили.
Тој посочи дека руските сили заедно со единиците на самопрогласените ЛНР и ДНР ја прошируваат контролата врз тие територии, пренесува РИА Новости.
Шојгу повтори дека транспортот на оружје и муниција на НАТО за украинските сили кои пристигнуваат во Украина ќе бидат уништени.
Володин: НАТО однапред го подготвуваше нападот на Украина врз Русија
„САД и нивните сојузници во НАТО продолжуваат да и доставуваат оружје на Украина. Напоменувам дека секој транспорт на Северноатлантската алијанса што пристигнал на територијата на земјата со оружје или материјали за потребите на украинските вооружени сили го сметаме за легитимна цел“, рече Шојгу, пренесува Танјуг.