ЕУ размислува за дополнителна воена поддршка за Молдавија

Сподели со своите пријатели

Европската унија размислува за дополнителна воена поддршка за Молдавија, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел за време на посетата на Кишињев.

Loading...

Блокот од 27 нации истражува како може да обезбеди поголема воена поддршка за Молдавија, вклучително и поголема помош за градење на силата на земјата, рече Мишел на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду.

 

Унгарија и Словачка се изземени од ембаргото на руската нафта до крајот на 2023 година

 

Ројтерс пренесува дека тој рекол дека тоа ќе биде со помош во областа на логистиката и сајбер одбраната, за што ЕУ веќе се договорила.

Мишел одби да даде какви било детали, но рече дека е исклучително важно да се избегне каква било ескалација.