Полицијата во Канада пресретнала беспилотно летало кое ја преминало границата со САД, носејќи торба со речиси десетина пиштоли, откако пилотот удрил со уредот во блиското дрво.
Полицијата во јужниот дел на Онтарио пристигнала на повик во куќа во близина на градот Порт Ламбтон, североисточно од американскиот град Детроит, откако жителите пријавиле дека виделе непознато лице како лета со дрон, пренесува Гардијан.
Меѓутоа, операторот на дрон изгубил контрола над леталото и го испратил на дрво пред да избега во возилото што го чекало.
Полицијата пронашла 11 пиштоли во чантата што била прикачена на дронот, од кои повеќето припаѓале на еден вид огнено оружје што е забрането во Канада.
Полицијата се сомнева дека дронот патувал источно од Мичиген преку реката Сент Клер, која ја означува границата меѓу Канада и САД. Засега не е познато кој управувал со дронот и за кого била наменета илегалната пратка.
Многу од пиштолите што се користат за извршување на злосторства во Канада се шверцуваат во земјата преку Америка, главно со камиони, патнички возила и авиони.