Две лица повредени при експлозија на плинска боца во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Две лица биле повредени при експлозија на плинска боца во семеен дом во Крива Паланка.

Loading...

– На 03.05.2022 година во 16.10 часот во ОВР Крива Паланка, од Здравствен дом било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Р.О.(62) и М.О.(66) од Крива Паланка, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при експлозија на плинска боца во нивната семејна куќа во Крива Паланка.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

Никола Ивановски