Две лица од Куманово, на возраст од 30 и 34 години, биле приведени под сомнение дека извршиле кривично дело кражба.
Loading...
– На 03.05.2022 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(30) и Е.И.(34) од Куманово. Тие се сомничат дека минатата недела со употреба на сила влегле во објект на улицата „Димитар Влахов“ и одзеле повеќе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што појаснуваат од кумановската полиција, кај приведените биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски