Припадниците на руската Национална гарда откриле голем магацин со оружје и муниција во регионот Харков, кој им припаѓа на украинските сили за специјални операции, соопшти прес-службата на Националната гарда.
„Благодарение на навременото откривање на складиштето, Националната гарда ги наруши плановите на украинските националисти за ненадеен напад врз конвоите на руските војници“, наведува прес-службата, пренесува ТАСС.
– За време на претресот и извидувањето, припадниците на Националната гарда открија големи залихи оружје и муниција на диверзантско-извидувачката група на украинските сили за специјални операции во областа Изум во регионот Харков, се вели во соопштението.
Се додава дека со претресот на упориштата на украинските сили во шумското подарчје припадниците на националната гарда откриле две турски, две шведски и три американски анти -тенковски фрлачи на гранати.
Германски борбени авиони пресретнаа руски разузнавачки авион над Балтичкото Море
Во магацинот имало и големо количество борбена опрема и залихи на храна за неколку дена, наведува руската агенција.