Западната индиска држава Махараштра од крајот на март годинава регистрирала 25 смртни случаи од топлотен удар, што е најголем број жртви во последните пет години, а температурите во оваа земја надминуваат 40 степени целзиусови.
„Причината за смртта на овие луѓе е најверојатно топлотен удар“, рече Прадип Авата, здравствен службеник во Махараштра.
Научниците го поврзуваат почетокот на интензивното лето со климатските промени и веруваат дека повеќе од милијарда луѓе во Индија и соседен Пакистан на некој начин се изложени на екстремни горештини.
Со оглед на тоа дека студените монсунски дождови се очекуваат дури следниот месец и дека прекините на електричната енергија се се почести во некои делови на Индија, дури и домаќинствата кои можат да си дозволат климатизери ќе имаат проблеми во следните неколку недели.
Во Русија не престануваат пожарите и експлозиите. Кој стои зад тоа?
Повеќето од смртните случаи се случиле во поруралните области на најбогатата индиска држава.
Индија е втор најголем производител на пченица во светот, но жештините ќе го намалат овогодишниот род, по пет последователни години рекордни жетви.
Како што расте побарувачката за електрична енергија, така расте и недостигот на јаглен.
Индија го забележа најтоплиот март во повеќе од еден век, со максимални температури низ целата земја од 33,1 Целзиусови степени, што е речиси 1,86 степени над нормалата, според Индискиот метеоролошки оддел, и во многу делови на север, запад и исток од температурите во земјата минатиот месец достигнаа 40 степени Целзиусови.