Путин потпиша указ за „одмазднички“ санкции

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одмазднички економски санкции против Западот.

Loading...

Според информациите до кои дојде Ројтерс, санкциите се воведени како одговор на „непријателските акции на одредени земји и меѓународни организации“, пренесува порталот nedeljnik.rs.

 

Руските сили уништија украински систем за воздушна одбрана С-300

 

Во документот не се спомнуваат поединци или субјекти на кои важат санкциите, но декретот и дозволува на Русија рок од десет дена да го утврди тоа.

Уредбата забранува извоз на готови производи и суровини на физички лица и субјекти кои ќе бидат опфатени со неа.