Конвојот евакуирани од Азовстал оди кон Запорожје

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко денеска изрази надеж дека првата колона евакуирани од урнатините на фабриката за челик Азовстал во Мариупол денеска ќе стигне до градот Запорожје, кој е под контрола на Украина.

Loading...

„Колоната евакуирани се движи кон Запорожје, евакуацијата продолжува“, изјави Бојченко на националната телевизија, пренесе Ројтерс.

 

Сијарто: Без руска нафта нема гаранции за непречено функционирање на економијата

 

Тој додаде дека повеќе од 200 цивили останале во фабриката за челик Азовстал, во која се сместени последните украински бранители на градот.

Вкупно околу 100.000 цивили се уште се во пристанишниот град на Азовското Море, изјави градоначалникот, пренесува Ројтерс.

 

Loading...

Германија испрати во Украина оружје и опрема во вредност од 190 милиони евра

 

Бојченко додаде дека украинските власти ги ограничуваат информациите за да не ја загрозат евакуацијата.

Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 29 април започнаа операција за отстранување на жени, деца и стари лица од фабриката за челик во координација со Украина и Русија, соопшти британската служба.