Борељ го најавува шестиот пакет санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Европската унија се надева дека на следниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе биде воведен шестиот пакет санкции против Русија, изјави шефот на европската дипломатија, Јосеп Борељ.

Loading...

Следните состаноци на Советот за надворешни работи на ЕУ се закажани за 10 и 16 мај, соопшти Ројтерс.

 

Кадиров: Во тек е голема офанзива на силите на ЛНР и чеченските борци

 

Говорејќи на прес-конференција во Панама Сити, каде што беше во официјална посета, Борељ рече дека ЕУ се надева дека ќе го ограничи рускиот извоз на енергија како дел од напорите за санкционирање на Москва поради воената операција во Украина.

Се очекува Европската комисија да предложи пакет санкции на ЕУ оваа недела, вклучително и потенцијално ембарго за купување руска нафта – мерка со која Москва би ѝ ускратила голем прилив на средства, но предлогот првично доведе до поделби меѓу земјите од ЕУ.

 

Loading...

„Ако останеме без храна, ќе јадеме птици“, вели командантот на Азов од подземниот бункер во Азовстал

 

Борељ, кој претседава со состаноците на Советот за надворешни работи, изрази надеж дека ЕУ ќе може да преземе такви мерки и „значително да го ограничи увозот на руска енергија“, но призна дека засега нема согласност од сите членки.