Руските сили „постојано“ бомбардираат цивили и украински борци заробени во фабриката за челик Азовстал во разурнатиот Мариупол, изјави заменик-командантот на Азовскиот полк во челичарницата Свјатослав Паламар.
– Не напаѓаат без престан. Тенкови, артилерија, воздушни напади на секои три до пет минути. Во челичарницата сѐ уште има цивили, но непријателот не ги спречува нападите, рече Паламар.
Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна
Околу стотина цивили беа евакуирани од челичарницата во неделата, но евакуацијата планирана за вчера не се случи. Паламар наведува дека храната и водата се при крај во фабриката за челик.
Сè што имаме споделуваме со цивилите
– Не можам со сигурност да ви кажам уште колку дена имаме залиха, но можам да ви кажам дека штедиме многу, и вода и храна и муниција. Сè што имаме споделуваме со цивилите, рече Паламар.
Карпентер: Русија планира да припои поголем дел од источна Украина овој месец
– Ако се случи најлошото и останеме без храна, ќе ловиме птици. Подготвени сме на се, рече тој.
Русија тврди дека нивните сили се на работ на челичарницата и дека спроведуваат акција „чекор по чекор“. Паламар тврди дека тоа не е точно.
– Во моментов целиот погон е под наша контрола. Нашата одбрана е поставена по периметарот на челичарницата и се држиме, рече тој.