Продавниците во Австрија сѐ попразни: Нема сончогледово масло, путер, брашно

Сподели со своите пријатели

Продавниците во Австрија бележат сè поголем недостиг, во супермаркетите има се повеќе празни полици, а причина за тоа е украинската криза и санкциите кон Русија, пишуваат германските медиуми.

Loading...

Во некои супермаркети недостасуваат многу производи, а особено е тешко да се најде сончогледово масло.

 

Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна

 

Причина за недостигот е фактот што три четвртини од таа храна доаѓа од Русија и Украина. Се заканува и недостиг на путер.

Ваква е состојбата во големите трговски синџири, дисконтите, но и во помалите продавници.

Ситуацијата во Украина предизвика криза која сериозно влијаеше на испораките до австриските продавници.

Loading...

 

Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна

 

Недостигот на многу производи беше предизвикан од проблем во синџирот на снабдување, односно недостигот на испораки. Забележано е дека граѓаните купуваат роба на големо.

Минатата година Австрија од Украина увезла околу 19.484 тони маслодајни семиња. Исто така, маслото од репка е се побарано, па може да се најде се потешко.

Последица на овој недостиг е зголемување на цената на нафтата во Австрија за околу 13 отсто.

 

Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна

Loading...

 

Земјоделците и млекарите се соочуваат со драматичен поскапување на енергенсите, храната и ѓубривата, што доведува до повисоки цени на земјоделските производи. Тема на голема побарувачка станаа и увезените лименки.

Исто така, одредени видови брашно и тестенини не можат да се најдат во многу продавници.

Одредени сувомеснати производи во моментов се доставуваат до продавниците само во мали количини.

 

Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна

 

Претседателот на Здружението на трговци Рајнер Вил предупредува дека следната криза во снабдувањето ќе следи за три до четири месеци.

Loading...

Освен за украинската криза, за недостигот е виновно и пандемичното затворање на Шангај, каде стотици товарни бродови чекаат да испловат.