Финска до 12 мај ќе одлучи за својата апликација за членство во НАТО

Сподели со своите пријатели

Финска, земја која граничи со Русија, овој месец ќе донесе одлука за нејзината апликација за членство во НАТО, објавија локалните медиуми.

Loading...

„Одлуката на земјата ќе биде донесена во два чекора до 12 мај“, пишува финскиот весник „Илталехти“.

 

Папата побара средба со Путин – сѐ уште нема одговор

 

Претседателот Саули Ниинисто прво ќе ја соопшти својата одлука за влез на Финска во воениот сојуз, а потоа истото ќе го сторат и парламентарните групи на политички партии.

„Откако одлуката (се очекува да биде во корист на членството) ќе биде одобрена од претседателот, премиерот и политичките партии, таа ќе биде потврдена од Министерскиот комитет за надворешна и безбедносна политика, во кој, меѓу другото, членуваат и министрите за одбрана и за надворешни работи, “, пишува весникот.

 

Loading...

Украинка од Мариупол: Моите ќерки пиеја вода од езерце за да преживеат (ВИДЕО)

 

Финска дели 1.300 километри граница со Русија и на почетокот на Втората светска војна жестоко се бранеше од инвазијата на Советскиот Сојуз.

Според претходните медиумски извештаи, Финска и Шведска се договориле заедно да аплицираат за членство во НАТО во средината на мај.

 

Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна

 

Двете земји ја задржаа воената неутралност за време на Студената војна и потпишаа договор за партнерство со НАТО во 1995 година.

Loading...

Откако Русија ја започна војната против Украина, поддршката за членство во НАТО значително се зголеми во Финска и Шведска.

Русија во неколку наврати изјави дека Финска и Шведска не треба да влезат во НАТО.