Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск потврди дека побарал средба со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во Москва за да се обиде да ја запре војната во Украина, но дека сѐ уште не добил одговор.
Во интервјуто објавено денеска за престижниот италијански дневен весник „Кориере де ла Сера“, папата исто така рече дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, кој, како што наведува Ројтерс, дал целосна поддршка на војната во Украина „не може да стане ѓакон на Путин.“
Западни претставници: Путин би можел формално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај
Папата, кој отиде во невидена посета на руската амбасада на почетокот на руската воена операција во Украина, во интервју за италијанскиот весник потврди дека три недели по избивањето на конфликтот, побарал од висок дипломат во Ватикан да испрати порака до Путин, дека тој, поглаварот на Римокатоличката црква е „подготвен да дојде во Москва“, јави Танјуг.
„Секако, беше неопходно рускиот претседател да се согласи на овој предлог, но сѐ уште не добивме одговор и сѐ уште инсистираме на моето патување во Москва“, рече папата, додавајќи дека се плаши дека Путин не може и не сака во овој момент да се одржи овој состанок“.
Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна
Пред ова интервју, папата Франциск (85) не ги спомна Русија или Путин јавно и експлицитно, но во своите говори зборуваше за „неоправдана агресија“, „инвазија“ и злосторства врз цивилното население.