Нарушувањето на соодносот меѓу бројот на вработени и пензионери не е нешто што е карактеристично само за нашата земја. Тоа е глобален проблем со стареењето на полулацијата, но кај нас, во време на транзицијата тој дополнително се искомплицира со масовното губење на работните места и со намалувањето на бројот на вработените. Така, од 534.887 вработени во 1991 година, бројката стигнала до 321.105 вработени (најниско ниво), потоа постепено се зголемувала и прагот од 400.000 вработени со платени придонеси е надминат во 2007 година. Во 2012 година пак, е надмината бројката од 500.000 вработени и тогаш се евидентирани 507.061 вработени и оттогаш таа постојано помалку се поместува во нагорна линија.
За разлика од трендот на движење на платите кои оделе надолу па нагоре, бројот на пензионерите постојано се зголемувал. Така, во 1991 година имало 180.749 пензионери, а 2021 година е завршена со 328.570 корисници на пензија.
Гледано низ годините, за 4 години од 1991 до 1995 година соодносот на бројот на вработени и на пензионери од 3:1 се намалил на 2:1, а потоа во наредните 5 години се „лизнал“ на 1,5:1. Од 2002 до 2006 година, тој сооднос се закотвил на 1,3 вработени во однос на 1 пензионер, за да потоа во наредните години малку се подобрува, достигувајќи го врвот во 2015 година кога имало 1,9 вработен на еден пензионер. Фондот за ПИОМ не нуди податоци за периодот од 2015 до 2020 година, но во 2020 година состојбата е влошена во однос на 2015-та!
Соодносот на бројот на корисниците на пензија и бројот на вработените
ОДИНА | БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ | БРОЈ НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА | БРОЈ НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА НА 1000 ВРАБ. | БРОЈ НА ВРАБ. НА 1 КОРИСНИК НА ПЕНЗИЈА |
---|---|---|---|---|
1991 | 534.887 | 180.749 | 338 | 3,0 |
1995 | 427.658 | 219.307 | 513 | 2,0 |
2000 | 367.162 | 241.221 | 657 | 1,5 |
2001 | 351.009 | 247.200 | 704 | 1,4 |
2002 | 332.728 | 249.421 | 750 | 1,3 |
2003 | 321.105 | 254.267 | 775 | 1,3 |
2004 | 348.212 | 260.075 | 747 | 1,3 |
2005 | 348.500 | 262.152 | 761 | 1,3 |
2006 | 394.882 | 269.681 | 714 | 1,5 |
2007 | 424.338 | 272.386 | 693 | 1,6 |
2008 | 451.491 | 273.281 | 654 | 1,7 |
2009 | 475.780 | 273.977 | 576 | 1,7 |
2010 | 466.280 | 273.751 | 587 | 1,7 |
2015 | 558.821 | 299.640 | 536 | 1,9 |
2020 | 571.863 | 326.295 | 571 | 1,7 |
Извор: Фонд за ПИОМ
КАКО Е ВО РЕГИОНОТ?
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/vo-