Српски државјани повредени во сообраќајка во кумановско

Сподели со своите пријатели

Две лица државјани на Република Србија вчера биле повредени во сообраќајна незгода во атарот на селото Романовце.

Loading...

– На 01.05.2022 околу 03.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Куманово-Скопје, атар на с.Романовце, кумановско, М.Д.(27) од Република Србија, управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“, со српски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.Ч.(23) од Република Србија, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски