Кога ќе излезеш „на кратко“ со пријателите, па не можеш да го пронајдеш патот до дома (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Надзорната камера на семејната куќа фатила жена во прилично пијан проблем кога се враќала дома по дружење со пријателите.

Loading...

Ребека му рекла на својот сопруг Крег дека ќе оди на брз ручек со пријателите, но се вратила дома дури во седум часот, видно под влијание на коктелите што ги пиела.

На снимката од надзорната камера се гледа како автомобилот застанува пред куќата, а Ребека излегува од него.

Еден од нејзините пријатели ја возел дома. Но, кога излегла од автомобилот и се упатила кон влезната врата од својата куќа, изгубила рамнотежа и почнала да кружи околу возилото за на крајот да падне пред автомобилот.

Таму лежела некое време додека на помош не ѝ пришол пријателот кој возел.

– Ова е мојата сопруга која се враќа дома по брз ручек со пријателите седум часа подоцна. Но, дали ќе стигне до влезната врата – напиша покрај видеото кое го објави на социјалните мрежи, кое веднаш стана хит.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Pubity (@pubity)

Loading...