Бајден предлага да се замрзне рускиот имот на Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе побара од Конгресот нова помош во износ од неколку милијарди и прераспределба на средствата запленети од руските олигарси за помош на Украина во војната против Русија, објави Белата куќа.

Помошта, наводно, ќе биде искористена за снабдување на украинската армија, зајакнување на нејзината економија и поддршка на милиони бегалци.

 

Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа

 

Бајден, исто така, ќе побара од Конгресот нови овластувања за зајакнување на американските санкции против руската влада и оние кои профитираат од војната, пренесува АП.

Американскиот претседател исто така предлага „криминалното или намерното поседување приходи директно од коруптивни зделки со руската влада“ да се прогласи за кривично дело.