НАТО е подготвен да ја поддржува Украина со години во нејзината војна против Русија, вклучително и помагање на Киев да се оддалечи од старото оружје од советската ера на модерна западна воена опрема, изјави во четвртокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
– Треба да бидеме подготвени на долг рок, постои апсолутна можност оваа војна да трае со месеци и години – рече Столтенберг на младинскиот самит во Брисел, додавајќи дека сојузниците од НАТО се подготвуваат да и помогнат на Украина да се сврти кон оружје со стандардите на НАТО, пренесува Ројтерс.
Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа

