Гутереш во посета на Буча: Невините цивили ја платија највисоката цена за војната

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го посети разурнатиот украински град Буча, каде што украинските власти тврдат дека руските сили извршиле воени злосторства.

Гутереш ги посети населбите во предградијата на Киев кои останаа целосно уништени по повлекувањето на руските трупи, јавува Си-Ен-Ен.

 

Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа

 

„Ова ужасно сценарио покажува нешто што за жал е секогаш точно – дека цивилите секогаш ја плаќаат највисоката цена. Во овие згради живееле невини цивили. Тие ја платија најголемата цена за војната за која воопшто не придонесоа“, изјави Гутереш за новинарите.

„Нема шанси оваа војна да биде прифатлива во 21 век“, додаде тој.

Се очекува Гутереш во текот на денот да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулебa.