Лукашенко очекува обединување на земјите од поранешниот СССР

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко смета дека Унијата на Белорусија и Русија би можела да привлече други земји.

„Сигурен сум дека и другите републики од поранешниот Советски Сојуз ќе се приклучат на таков сојуз“, рече тој во четвртокот на средбата со гувернерот на областа Воронеж, Александар Гусев, пренесува руски ТАСС.

 

Oд почетокот на конфликтот во регионот на Киев пронајдени тела на 1.150 цивили

 

Лукашенко истакна дека гледа голем интерес на руските региони за развој на соработката со Белорусија.

Тој додаде дека се обидуваат да „изградат единствена држава на Унијата врз основа на нови принципи, за никој да не биде навреден и за да можат да се развијат суверени и независни држави – Белорусија и Русија“.