Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во Симферопол е уапсен поранешен припадник на украинската морнарица, кој, според разузнавачката служба, се подготвувал пожар и експлозија во трговски центар во тој руски град.
Во соопштението се наведува дека приведениот жител на Крим, роден 1988 година, тврди дека бил приврзаник на неонацизмот, кој „по инструкции на националистите од Азовскиот полк“ подготвувал експлозии и пожар во еден од трговските и забавни центри во Симферопол.
Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа
ФСБ наведува дека во местото на живеење на уапсениот бил запленет експлозивно-запалив домашен уред, компоненти за негово производство, екстремистичка литература и додатоци, пренесува Интерфакс.
Се додава дека на адресата на резиденцијата на уапсениот биле запленети рачно изработена експлозивна направа, екстремистичка литература и додатоци на украинските национални формации.
Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа
Пронајдена е и преписка со украински милитанти, каде се разговарало за планираниот терористички напад.
Против пријавениот е поведена кривична постапка.

