Захарова: Русија сѐ уште не го добила одговорот на Украина на предлогот за мировен договор

Сподели со своите пријатели

Русија сѐ уште не добила одговор од Украина во врска со нејзините последни предлози за можен мировен договор, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров.

„Од утринава, за време на подготовките за брифингот, руската страна не доби одговор“, ја цитира Ројтерс изјавата на Захарова.

 

Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа

 

Според Би-Би-Си, двете страни се сретнале на мировните преговори во Истанбул пред еден месец, но оттогаш нема значајни промени.

„Понатамошните провокации кои ја поттикнуваат Украина да удри врз руски објекти ќе наидат на остар одговор од Русија“, рече Захарова.

 

Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа

 

Таа, исто така, предупреди дека Русија нема да дозволи западните претставници кои ја посетуваат Украина да ја одвратат од одмазднички напад врз блиските украински цели.