Помошникот на претседателот на Украина Михајло Подољак денеска соопшти дека светот го признава правото на Украина да се брани со напади врз руски воени бази и магацини.
„Русија напаѓаше и уби цивили. Украина ќе се брани на сите начини, вклучително и напади врз магацините и базите на убијците. Светот го признава тоа право“, напиша Подољак на Твитер, пренесува Ројтерс.
Предупредување од Кремљ: Вооружувањето на Украина ја загрозува безбедноста на Европа
Советник на украинскиот претседател вчера ги опиша експлозиите што се слушнаа во три руски области кои граничат со Украина како „карма“ и одмазда за војната во Украина.
Подољак, во коментарите на Телеграм, не призна дека Украина е одговорна за овие инциденти, забележува британската агенција.
Гувернерот на Белгородската област во Русија, Вјачеслав Гладков, во средата објави дека во раните утрински часови во Белгород, во близина на границата со Украина, се слушнале неколку последователни експлозии и дека гори складиште за муниција.

