Долниот дом на германскиот Бундестаг денеска со големо мнозинство ја поддржа петицијата за помош на Украина, која вклучува испорака на оружје, вклучително и тешко оружје за одбрана од руските напади, пренесува Ројтерс.
Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа
„Покрај сеопфатната економска изолација и исклучувањето на Русија од меѓународните пазари, најважното и најефикасното средство за запирање на руската инвазија е интензивирање и забрзување на испораката на ефикасно оружје и сложени системи, вклучително и тешко оружје“, рече германскиот пратеник.
Мајкрософт: Руски хакерски напади за поддршка на инвазијата на Украина
Петицијата, поддржана од три партии во владејачката коалиција и опозициските конзервативци, беше усвоена со 586 гласа „за“, 100 „против“ и седум воздржани, изјави потпретседателот на Бундестагот Волфганг Кубицки, пренесе британската агенција.

