Европската унија планира следната недела да објави нови санкции против Русија, кои предвидуваат ембарго за увоз на руска нафта, но според неофицијални информации тоа би се применувало во неколку фази, јави Би-би-си.
Европската комисија наведува дека пред да донесе одлука ќе се консултира со САД и Групата 7 во која се составени економски најмоќните земји во светот.
Ноќта се претвори во ден: Снимена силната експлозија во Херсон (ВИДЕО)
Целта е, како што беше речено, забраната за увоз на нафта да биде доволно строга за да предизвика сериозна штета на Русија, но истовремено да не предизвика драматични нарушувања на светскиот пазар на нафта, а особено не во Европската унија.
Во Брисел посочуваат дека се свесни оти од достапноста на нафтата зависат и богатите и сиромашните земји.
Украина планира да ги преименува улиците чии сегашни имиња се поврзани со Русија
Затоа е неопходно да се избегне драстично зголемување на цената на нафтата, бидејќи тоа може да резултира со намалување на меѓународната поддршка за западните санкции против Русија.