Серија силни експлозии одекнаа во центарот на Херсон, во близина на телевизискиот центар, пренесува РИА Новости.
Си-Ен-Ен наведува и дека експлозија одекнала во близина на телевизиската кула во центарот на Керсон, која е под контрола на руските сили.
На видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа експлозија во воздух.
Институт за војна: Русите бавно напредуваат, можеби ќе сакаат да ја вклучат Молдавија во војната
Си-Ен-Ен наведува дека ја потврдил автентичноста на снимката.
Руската агенција РИА Новости објави дека Украина истрелала три ракети врз градот кој од почетокот на март е под руска окупација.
Соборени се две ракети, додава РИА Новости.
Strikes reported in Kherson tonight, TV tower was hit pic.twitter.com/p7HRcdqSfX
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) April 27, 2022