УСДА и УСАИД подготвуваат помош во храна за најранливите во Африка

Сподели со своите пријатели

Американското Министерство за земјоделство (USDA) и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) заеднички ќе придонесат со речиси 700 милиони американски долари во напорите за меѓународна помош во храната по глобалната прехранбена криза предизвикана од војната во Украина.

Парите ќе одат за итна испорака на храна во Етиопија, Кенија, Сомалија, Судан, Јужен Судан и Јемен.

 

Испораката на тешко оружје за Киев е голем логистички предизвик

 

Околу 282 милиони долари ќе обезбеди хуманитарниот фонд Бил Емерсон (BEHT), со кој заеднички управуваат двете агенции, пренесува Ројтерс.

USDA ќе обезбеди дополнителни 388 милиони долари за транспорт, отпремнини и други трошоци, соопшти агенцијата.

 

Русија: Против-воздушната одбрана се активираше во Белгород

 

Земјите од оваа област се загрозени од последиците од сушата како и од регионалниот конфликт, пренесе Ројтерс.

„Русија и Украина заедно обезбедуваа околу една четвртина од светскиот извоз на пченица, но војната во Украина доведе до „неверојатна глобална криза со храна“, рече администраторот на УСАИД, Саманта Пауер.