Канада сака да стане првата земја од Г7 која ќе продаде руски имот и ќе ги искористи парите за финансирање помош за Украина, а во средата објави нови санкции против 203 лица, кои ги нарече „соучесници“ во обидот на Русија да го припои Донбас.
„Бараме можност не само да заплениме, туку и да одобриме конфискација на имотот на санкционираните физички и правни лица и на тој начин да ги обесштетиме (украинските) жртви“, рече во средата министерката за надворешни работи Мелани Џоли.
Премиерот Џастин Трудо им рече на новинарите дека Канада бара „начини за дополнително казнување“ со конфискација на имотот на оние кои беа санкционирани.
Мајкрософт: Руски хакерски напади за поддршка на инвазијата на Украина
Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, Канада воведе санкции за „повеќе од 1.100 лица и правни лица“ кои се соучесници на владата на Владимир Путин.
„Ние сме првата земја од Г7 што понуди нов механизам (продажба на санкционирани средства), бидејќи веруваме дека ќе функционира“, рече министерот за новинарите, додавајќи дека нема „јасни проценки“ за тоа колку може да се соберат преку новиот механизам..
Сепак, Џоли прецизираше дека „имотот на руските олигарси во Канада е значаен“.
Мајкрософт: Руски хакерски напади за поддршка на инвазијата на Украина
Покрај новата одредба воведена во парламентот во вторникот, Канада најави нови санкции, овојпат против „11 високи функционери и 192 членови на народните совети на таканаречените народни републики Луганск и Доњецк“.
„Канада нема да гледа со скрстени раце како Путин и неговите соучесници се обидуваат неказнето да ги прекројат границите на Украина“, додаде канадскиот министер за надворешни работи, посакувајќи „Украина да победи“.
Санкциите за тие 203 дополнителни лица се надополнуваат на неколку други рестрикции објавени во последните два месеци. Станува збор за замрзнување на средства, забрана за трансакции и неможност за влез во Канада.
Мајкрософт: Руски хакерски напади за поддршка на инвазијата на Украина
Отава тргна по стапките на другите западни земји минатата недела, санкционирајќи ги двете ќерки на претседателот Путин, како и сопругата и ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Канада сака повторно да ја отвори својата амбасада во Украина, која беше затворена на 12 февруари поради ескалацијата на тензиите пред Русија да ја нападне Украина. Канадските дипломати отпатуваа во Полска, каде што се оттогаш.

