Денес, (28 април, 2022) помошникот Државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид ќе престојува во посета на Северна Македонија, каде ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералните односи меѓу двете земји, евроинтегративните перспективи на Северна Македонија, соработката во НАТО и актуелните состојби во земјава и регионот.
Во рамки на посетата, Карен Донфрид ќе оствари средби и со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска

