Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак ги опиша експлозиите кои денеска се слушнаа во три руски области кои граничат со Украина како „карма“ и одмазда за војната во Украина.
Подољак, во коментарите на Телеграм, не призна дека Украина е одговорна за овие инциденти.
Во Киев урнат споменикот на руско-украинското пријателство (ВИДЕО)
„Причините за уништување на воената инфраструктура во пограничните области на Русија може да бидат различни“, напиша тој.
Украинскиот функционер додаде дека „порано или подоцна ќе мора да се платат долговите“, кога една земја ќе одлучи да нападне друга земја, јави Танјуг.
Во Киев урнат споменикот на руско-украинското пријателство (ВИДЕО)
Гувернерот на Белгородската област во Русија, Вјачеслав Гладков денеска соопшти дека во раните утрински часови во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, се слушнале неколку последователни експлозии и дека гори складиште за муниција.
Гладков рече дека нема повредени цивили во пожарот што избувна во магацинот кај селото Стараја Нелидовка и кој во меѓувреме бил изгаснат.

