Грција ќе и понуди помош на Бугарија откако Русија ја прекина испораката на гас за земјата, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во разговорот со бугарскиот премиер Кирил Петков, кој одлуката на Русија ја нарече „тешко прекршување на постоечкиот договор“.
Според Ројтерс, премиерите на двете земји разговарале за ова прашање по телефон.
„Премиерот рече дека Грција ќе и помогне на Бугарија да се справи со новонастанатата ситуација предизвикана од енергетските одлуки на Русија“, се вели во соопштението на канцеларијата на Мицотакис.
Според Би-Би-Си, Петков рекол дека Бугарија и Грција ќе продолжат да работат заедно на енергетската безбедност и диверзификација и дека тоа ќе биде „од стратешко значење за двете земји и за регионот“.