Западен Дарфур, 176 лица загинаа во вооружен конфликт

Сподели со своите пријатели

176 лица загинаа, а 220 се повредени во вооружениот конфликт што избувна во суданската држава Западен Дарфур, соопшти Централниот комитет на суданските лекари.

 

Реакција на ЕУ: Русија повторно уценува со гасот

 

Во соопштението на Суданското лекарско здружение, кое ги поддржува демонстрантите против воениот удар на 25 октомври, се вели дека некои тела биле закопани без обдукција или снимка, објави Ројтерс.

 

Ел Салвадор: За еден месец уапсени 17.000 луѓе во борба против криминалот

 

Немирите низ областа Дарфур, каде што војната меѓу бунтовниците и владините сили поддржани од милитантните групи однесе околу 300.000 животи на почетокот на 2000-тите, а милиони раселени, се интензивираа во последните две години, наведува британската агенција.