Во Киев урнат споменикот на руско-украинското пријателство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бронзената статуа од осум метри која беше урната во главниот град на Украина, прикажува Украинец и руски работник на пиедесталот, кои заедно го држат советскиот орден за пријателство, пренесува Ројтерс.

Споменикот е подигнат во 1982 година во спомен на 60-годишнината од Советскиот Сојуз.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Уривањето на споменикот е одговор на рускиот напад врз Украина! Прво статуата на рускиот работник ја загубила главата кога се обиделе да ја подигнат скулптурата. Потоа се обиделе да го пресечат постаментот на кој биле поставени фигурите. Се испоставило дека е тешко. Но, експертите најдоа излез. – ја пресекоа основата на споменикот. Буквално, ја откорнаа и отстранија скулптурата!“, напиша градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм.

Тој предложи славолук „на пријатеството на народот“ да се преименува во славолук на „Слобода на украинскиот народ“, поради, како што рече, „руската инвазија на Украина“.

„Сега гледаме што е „пријателство“ – уништување на украинските градови… убивање на десетици илјади луѓе. Убеден сум дека таков споменик сега има сосема поинакво значење“, рече градоначалникот на Киев.

 

Лондон: Украина има контрола над поголемиот дел од нејзиниот воздушен простор

 

За време на уривањето на споменикот, околу 100 луѓе извикуваа „Слава на Украина“.

Кличко најави дека планираат да урнат повеќе споменици и знаци поврзани со Советскиот Сојуз и Русија во главниот град, како и дека ќе преименуваат повеќе од 460 улици.