Израел ги изврши најсмртоносните воздушни напади во Сирија оваа година

Сподели со своите пријатели

Девет борци, вклучително и пет сириски војници, беа убиени во израелските воздушни напади во средата во близина на Дамаск, во најтешкиот таков напад од почетокот на годината, соопшти набљудувачката група.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека цел на нападот биле складиште за муниција и неколку воени позиции поврзани со военото присуство на Иран во Сирија.

 

Ел Салвадор: За еден месец уапсени 17.000 луѓе во борба против криминалот

 

Сириските владини медиуми потврдија дека има пет жртви во воздушните напади, за што Израел не коментираше.

– Израелскиот непријател во мугрите изврши воздушен напад, погодувајќи неколку позиции околу Дамаск – ги наведува зборовите на сириски воен извор државната новинска агенција САНА.

– Истрагата укажа дека загинале четворица војници, тројца се ранети и направена е материјална штета – изјави изворот.

 

Русија ја нападнаа Азовстал, нема договор за евакуација на цивили од Мариупол

 

Последниот напад дојде по уште еден во близина на Дамаск на 14 април, без цивилни жртви, пренесува САНА.

Опсерваторијата со седиште во Британија, која се потпира на огромна мрежа на извори од секој регион во Сирија, исто така, соопшти дека осум лица биле повредени во нападот.

Четворицата убиени не се членови на сириската армија, туку биле членови на милиција која ужива иранска поддршка, рече водачот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман, додавајќи дека не може да ја потврди нивната националност.

 

Реакција на ЕУ: Русија повторно уценува со гасот

 

Тој рече дека најмалку пет локации биле нападнати во последниот израелски напад.

Дописниците на АФП од сирискиот главен град рекоа дека слушнале силни експлозии.