Петков: Размислуваме за транзитот на руски гас преку Бугарија

Сподели со своите пријатели

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека одлуката на Русија за прекин на испораката на гас за Бугарија е уцена и дека Софија ги разгледува сите договори со Гаспром, вклучително и транзитот на руски гас за Србија и Унгарија.

Loading...

Предупредувањето на Русија да го прекине снабдувањето со гас за Бугарија поради барањето за промена на шемата за плаќање е сериозно кршење на постоечкиот договор и претставува уцена, рече Петков, пренесува Ројтерс.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Тој додаде дека Бугарија во моментов ги разгледува сите свои договори со Гаспром, вклучително и транзитот на руски гас за Србија и Унгарија, бидејќи „едностраната уцена не е прифатлива“.

Петков изјави дека разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го уверила дека 27-члениот блок ќе има заеднички одговор на дејствијата на Русија.

Рускиот енергетски гигант Газпром утринава објави дека целосно ја прекинал испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи тие одбиле да исплатат во рубљи за гасот што им бил доставен во април.

Loading...

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

За одлуката на Газпром претходно денеска зборуваше и бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, кој на новинарите им рече дека Софија ги платила сите количини гас за април и дека руската компанија ќе го прекрши сегашниот договор доколку го запре протокот на гас.

Според него, Софија наскоро ќе знае дали гасот што се добива преку Турција ќе биде прекинат, рече Николов.

Тој нагласи дека Бугарија, членка на ЕУ и НАТО, ќе го почитува ставот на Европската комисија, која ги повикува земјите да не плаќаат руски гас во рубљи, што, како што вели, го бара рускиот претседател Владимир Путин.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

Loading...

 

„Бидејќи се почитуваат сите трговски и законски обврски, јасно е дека во овој момент природниот гас повеќе се користи како политичко и економско оружје во актуелната војна“, рече Николов.

Бугарија исполнува повеќе од 90 отсто од потребите за снабдување со гас од Русија според долгорочниот договор кој истекува кон крајот на оваа година.

Николов рече дека снабдувањето со гас за бугарските потрошувачи сѐ уште е гарантирано најмалку еден месец.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Рускиот гас се транспортира и преку Бугарија преку продолжениот крак на гасоводот Турски тек до Србија и понатаму до Унгарија.

Loading...

Николов рече дека Софија ќе ги разгледа сите актуелни договори со Гаспром.

„Бугарија е лојален партнер на сите соседни земји. Бугарија не е Русија. Кога можеме, ќе им помогнеме на сите наши соседи“, рече тој.