Реакција на ЕУ: Русија повторно уценува со гасот

Сподели со своите пријатели

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, ја осуди Русија, како што рече, дека се обидела да ја „уцени“ Европа, откако рускиот енергетски гигант Газпром потврди дека ја прекинал испораката на гас за Полска и Бугарија.

Loading...

„Најавата на Газпром за еднострано прекинување на испораката на гас за клиентите во Европа е уште еден обид на Русија да го користи гасот како инструмент за уцена. Ова е неоправдано и неприфатливо. И уште еднаш ја покажува несигурноста на Русија како снабдувач со гас“, рече таа.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Таа додаде дека Европа се подготвува за ова сценарио.

„Ние сме во близок контакт со сите земји-членки. Работевме на обезбедување алтернативни испораки и најдобри можни нивоа на складирање низ ЕУ“, рече таа.

Според неа, ЕУ направила планови за вонредни ситуации, како и за кризни разговори кои ќе се одржат во Брисел.

Loading...

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

„Го планираме нашиот координиран одговор на ЕУ. Исто така, ќе продолжиме да работиме со меѓународните партнери за да обезбедиме алтернативни текови. Европејците можат да веруваат дека стоиме обединети и во целосна солидарност со земјите-членки погодени од овој нов предизвик. Европејците можат да сметаат на нашата целосна поддршка“, рече претседателката на Европската комисија.

Да потсетиме, рускиот енергетски гигант Газпром денеска објави дека целосно ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи тие не плаќале во рубљи за испорачаниот енергенс.