„Село гори, а баба се чешла“: Неверојатна снимка од Русија, пожар ја проголта зградата, а тие уживаат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека напуштената дрвена куќа во рускиот град Котлас беше зафатена од пламен, во паркот владееше идилична атмосфера. Луѓето седат и се дружат, децата си играат, а ѕвезда на видеото е жена на лулашка, како да е во друг свет.

Loading...

Како што јави Подиом, Министерството за вонредни ситуации во регионот Архангелск извести дека инцидентот се случил во понеделникот.

– Пораката е примена во 18 часот и 59 минути. Станува збор за двокатна нестанбена зграда во улицата Набережнаја. Површината на пожарот била 480 метри квадратни. Нема загинати или повредени. Причината за пожарот се истражува.

Атмосферата во паркот би можела да биде совршена метафора за поширокиот наратив за рамнодушноста на рускиот народ бидејќи „сè гори“ околу него.

 

https://www.youtube.com/watch?v=c8W8pCXVngQ