Две крстаречки ракети лансирани од руски војници утринава летаа на мала височина над нуклеарната централа Запорожје, објави Енергоатом, украинската државна агенција за нуклеарни централи.
„Денеска, во 6:41 и 6:46 часот, две непријателски крстосувачки ракети летаа на мала височина над националниот парк Запорожје во правец на градот Запорожје“, се вели во соопштението.
Германија најде нов начин за снабдување со оружје на Украина
„Подоцна, експлозии предизвикани од руски крстосувачки ракети беа потврдени во Запорожје“, се додава.
„Рускиот нуклеарен тероризам е во пораст, а заканата се влошува. Русија го изложи целиот свет на опасност од нова нуклеарна катастрофа, 36 години по трагедијата во Чернобил“, предупредија тие.
36 години од катастрофата во Чернобил: И ден денес бројни митови
Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа, која беше заземена од руската војска ноќта на 4 март и се уште е под нејзина контрола.
Русите чуваат тешка опрема и муниција токму во просториите на нуклеарната централа, откако буквално ја претворија централата во воена база, тврди Украина.

