Песков: Русија внимателно ги следи настаните во Придњестровје

Сподели со своите пријатели

Русија внимателно ги следи настаните во самопрогласената Придњестровска Молдавска Република, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков рече дека вестите од тој регион се причина за загриженост, пренесува Ројтерс.

 

https://kumanovskimuabeti.mk/eksplozii-go-potresoa-vo-otcepeniot-moldaviski-region-onesposobeni-se-dve-radiokuli/

 

Во самопрогласената Придњестровска Република Молдавија е воведено црвено ниво на терористичка закана, што предвидува усвојување дополнителни мерки за обезбедување на безбедноста на поединците, општеството и државата, објавено е на веб-страницата на претседателот на ПМР, Вадим Красноселски.

 

Германија најде нов начин за снабдување со оружје на Украина

 

Се наведува дека „во терористички напади“ оштетени се зградата на Министерството за државна безбедност ПМР во Тираспол, воената единица кај селото Паркани и кулата на радио-телевизискиот центар кај селото Мајак.

 

Германија најде нов начин за снабдување со оружје на Украина

 

Придњестровје се наоѓа во источна Молдавија и се отцепи од земјата во 1990 година по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Има околу 500.000 жители, а Русија има околу 1.500 војници таму кои служат како мировници.