Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва изјави дека е неопходно да се создадат услови за дијалог во Украина и прекин на огнот.
– Денеска сме сведоци на тешка ситуација во Украина, имаме поинакво толкување на она што се случува таму. Но, тоа не ја ограничува можноста за сериозен дијалог – рече Гутереш.
Германија најде нов начин за снабдување со оружје на Украина
Тој додаде дека ОН се заинтересирани „да се создадат сите услови за ефективен дијалог за Украина, предвремен прекин на огнот, како и услови за мирно решение“.
По средбата со Лавров, Гутереш ќе се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.
Германија најде нов начин за снабдување со оружје на Украина
Се очекува фокусот на разговорите да биде ставен на создавање хуманитарни коридори од опколениот украински град Мариупол.

