Експлозии го потресоа отцепениот молдависки регион – онеспособени се две радиокули

Сподели со своите пријатели

Две радио кули во отцепениот, непризнаен молдавски регион Придњестровје се оштетени во експлозии рано утринава, соопшти Министерството за внатрешни работи на Приднестровје.

„Рано утрото на 26 април имало две експлозии во селото Мајак“, се вели во соопштението и се додава дека на местото на настанот веднаш биле испратени полициски службеници.

 

Германија најде нов начин за снабдување со оружје на Украина

 

Се додава дека „двете најмоќни радио антени не се во функција“, како и дека Министерството за одбрана води истрага.

Руски радио станици биле реемитувани и на двете.

Никој вработен во постројките или од локалното население не е повреден, велат од министерството.

Местото каде што се случиле експлозиите е познато како Радио-телевизиски центар на Придњестровје, изграден во 1960-тите и е еден од 14-те радио преносни центри од советската ера.

 

Германија најде нов начин за снабдување со оружје на Украина

 

Нема информации за причината за експлозиите, јави Би-Би-Си.

Серија експлозии се слушнале во понеделник недалеку од зградата на Министерството за државна безбедност во главниот град на Придњестровје, Тираспол, јави руската новинска агенција РИА-Новости.

Украина ги опиша експлозиите како планирана провокација на руските безбедносни сили.

Придњестровје е отцепена република во источна Молдавија која граничи со Украина. Има околу 500.000 жители и е меѓународно признат како дел од Молдавија.

 

Британија: Руските сили ќе се обидат да ја опколат украинската армија на исток, го освоија градот Кремина

 

Русија е воено присутна во Придњестровје од раните 1990-ти.

Минатата недела, командантот на Централниот воен округ на Русија, генерал Рустам Минекаев, рече дека Русија има намера да воспостави „целосна контрола“ врз јужна Украина за време на втората фаза од инвазијата, додавајќи дека тоа ќе им овозможи на руските сили да поминат во Придњестровје.