Бритни Чрч го родила своето прво дете шест дена откако го прославила својот 16-ти роденден. И оттогаш таа не застанала.
Со првиот сопруг имала уште четири деца, а потоа во 2010 година се развеле.
По разводот била претпазлива, но во 2012 година неочекувано забременила. Таа поминала три години сама одгледувајќи шест деца, се до 2014 година кога го запознала сегашниот сопруг Крис, со кој имала уште шест деца.
Пред две години родила тројки, а пред една година најмалото дете.
Таа поминала вкупно 88 месеци бремена или седум години и четири месеци од животот.
„Не уживам толку во бременоста, но би го направила тоа повторно кога би требало. Многу ги сакам своите деца”, изјавила Американката.
Бритни и Крис трошат преку 2.000 долари неделно на намирници. Семејството јаде пет кутии житарки, пие 66 пакувања млеко и користи 600 пелени за само седум дена.
„И покрај тоа што мислат луѓето, мојот живот не е хаотичен и не морам да се потпирам на финансиска помош за да го прехранам семејството. Луѓето имаат толку многу погрешни претпоставки за нас кои едноставно не се точни“, додаде таа претходно за CafeMom.
Иако претходно изјави дека сака уште деца, сега тоа е на чекање. Признава дека е тешко да се подигнат четири деца помлади од три години.
View this post on Instagram