Навални ја обвини Ле Пен за блиски врски со Кремљ

Сподели со своите пријатели

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ги повика гласачите во Франција да гласаат за Емануел Макрон во вториот круг од претседателските избори, обвинувајќи ја неговата противкандидатка Марин Ле Пен дека има блиски врски со режимот во Русија.

Loading...

Прашањето за поврзаноста на Ле Пен беше покренато и во кампањата пред пет години, кога таа загуби од Макрон, а таа тема повторно се појави поради војната во Украина.

 

 

Бегалците од Украина во Берлин од утре можат да сведочат за злосторствата

 

За време на локалните избори во 2014 година, нејзината партија доби заем од девет милиони евра од руската Прва чешко-руска банка за кампањата. Таа банка беше затворена неколку години подоцна.

Таа во синоќешната дебата со Макрон изјави дека руската инвазија на Украина е недозволива.

Loading...

На критиките на Макрон дека нејзин финансиер е режимот во Русија, таа одговори дека не му е должна на Кремљ и дека е „целосно слободна жена“.

 

Украинска армија: Русија планира насилно да го мобилизира локалното население во Керсон

 

Екстремно десничарската политичарка ќе се бори со Макрон за претседателскиот мандат во вториот круг од изборите в недела, бидејќи во првиот круг го постигна највисокиот резултат во кариерата, 23,15 отсто, додека Макрон доби 27,84 отсто од гласовите.