Украинската армија во нов разузнавачки извештај објави дека руските војници планираат насилно да го мобилизираат локалното население во јужниот град Херсон, пренесува Би-би-си.
Украинската војска, исто така, ги обвини руските сили за прекин на хуманитарната поддршка за регионот.
Некои земји го напуштија состанокот на Г-20 поради присуството на руски претставник
– Руските војници продолжуваат да спроведуваат операции во источниот дел на Украина со цел да воспостават целосна контрола над Луганск и Доњецк – стои во извештајот на украинската армија.
Во источниот украински град Балаклеја, руските војници ги донеле ранетите колеги во локалната клиника наместо да ги однесат во теренска болница.
Бегалците од Украина во Берлин од утре можат да сведочат за злосторствата
Ова покажува „значително зголемување“ на бројот на ранети руски војници во регионот – се наведува и во извештајот.
Би-Би-Си не можеше независно да ги потврди овие тврдења.