Си Џинпинг: Да се стабилизираат глобалните синџири на снабдување

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повтори дека Кина се противи на еднострани санкции и рече дека тактиката на „изолација и притисок“ не може да донесе резултати, пренесува Ројтерс.

 

Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

 

За време на видео обраќањето, Си истакна дека се потребни напори за стабилизирање на глобалните синџири на снабдување, а исто така рече дека кинеската економија е отпорна и дека нејзиниот долгорочен тренд не е променет.

 

Азиските инвеститори претпазливи, кинеските берзи во пад

 

Кина постојано ги критикуваше санкциите на Западот, вклучително и наметнатите на Русија поради нападот врз Украина, истовремено внимавајќи да не и пружи помош на Москва што може да доведе до воведување санкции кон Пекинг, наведува британската агенција.