Повеќе од 140 Германци се под истрага за одобрување на руската инвазија

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на војната во Украина, германските власти иницирале повеќе од 140 истражни постапки поради јавно одобрување и поттикнување на руската инвазија, при што најголем дел од случаите се истакнување на буквата „Z“, пренесуваат германските медиуми.

Loading...

Над 140 тужби се поднесени низ Германија против оние кои јавно ја одобрија и ја поздравија руската инвазија на Украина, прекршувајќи го ставот од германскиот закон кој забранува поттикнување и одобрување на кривични дела казниви со парични казни и до три години затвор.

 

Многу лажни информации за војната во Украина: Како да знаете што е вистина, а што пропаганда?

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мали: 70 загинати во напад на група поврзана со Ал Каеда

Најголем дел од истражните постапки се поврзани со јавно истакнување на симболот на буквата „Z“, што е забрането во неколку сојузни провинции.

Со ова буква руските трупи во Украина ги означуваат своите тенкови и оклопни возила.

Се проценува дека бројот на истраги на ова поле е многу поголем, но некои сојузни покраини не водат посебна статистика за овој вид криминал.

Loading...

Беа одржани голем број протести за поддршка на Русија

Голем број постапки се забележани во источната сојузна покраина Саксонија – Анхалт, како и во делови на Германија каде што живеат голем број луѓе со руско потекло, вклучително и т.н. руски Германци, припадници на германското малцинство кои емигрирале во Германија по распадот на Советскиот Сојуз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: 40.000 руски војници од Украина пренасочени кон Курск

 

11.000 војници ќе учесвуваат на Парадата на победата во Москва оваа година

 

Досега се одржани голем број протести за поддршка на Русија, вклучително и во Берлин и Хановер.

„Слободното изразување на мислење е драгоцен дел од нашиот Устав. Секој во Германија е слободен да го изрази своето мислење, но слободата на мислење завршува таму каде што започнува кривичното право“, изјави Георг Ајзенрајх, министер за правда на Баварија.

Тој за медиумската куќа РНД изјави дека јавното одобрување на „злосторства и кршење на меѓународното право“ е недозволиво во Германија.

Loading...